Колач со капини и бело чоколадо
Во еден сад се стават брашното и пецивото, а во друг сад се матат белките. Во почетокот само со солта, потоа се додава шеќерот и ванилата и се матат до снег. Се додаваат и жолчките, киселото млеко, маслото (маслиново или сончогледово). Може да се комбинираат и двата вида на масло не е проблем и последно се додаваат брашното со пецивото од сето се прави хомогена смеса.
Формата за кекс се намазнува и се покрива со брашно.
Половина од смесата се става во формата, половината капинките се валкаат во брашно и се подредуваат. 30 грама од `чоколадото се крши на мали паршенца и се додава, одозгора се става и другата половина од смесата и останатите капинки.
Се печи на 180 степени 1 час
Останатото чоколадо се топи се се става врз изладениот колач.
Чаша 240мл.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови