
7
мар
2015
Колач со аронија
Јајцата и шеќерот пенесто ги матиме а потоа го додаваме какаото. Откако сето тоа убаво ќе се измати го додаваме зејтинот и квасецот кој претходно е растопен во млака вода и го додаваме во смесата. Потоа го додаваме брашното и аронијата. Месиме тврдо тесто и го оставаме да стаса т.е да се дуплира. Стасаното тесто го размесуваме и оставаме повторно да стаса. Потоа тестото го ставаме во набрашнета тава и печеме 30-35 минути на температура од 180 степени. Така готовиот колач го посипуваме со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови