
4
ное
2020
Колач со аронија
Едноставен колач кој топло ви го препорачувам.Половина час пред да почнеме со подготовката аронијата ја полеваме со 3 лажици рум и оставаме на страна.
На пареа ги топиме чоколадата и путерот.Јајцата со шеќерот пенасто ги матиме.Кон нив ги додаваме стопенета чоколада со путерот,брашното и пецивото.Повторно матиме.Потоа ги додаваме аронијата со румот,мешаме и смесата ја ставаме на печење.Јас го печев колачот на 180 степени околу 25 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови