1. Во тенџере се става замрзнатиот микс од овошје и се вари со водата. Потоа се додава шеќерот и се остава уште 5мин да повари.На крајот се додава нишестето-густинот измешан со малку ладна вода и се вари заедно со овошјето за да се згусни. Се остава настрана и се продолжува со правење на тестото.

2. Во длабок сад се сатаат јајцата, маслото, стопениот маргарин, шеќерот и брашното со пецивото. Се замесува тесто кое е мрсно. Ако е суво тестото може да се додаде малку водичка и да се замеси тестото. Се дели на 2 дела.
3. Во тепсивче со обрач бр26 се става првиот дел од тестото, па се истура филот и врз него се реди другиот дел од тестото. Јас правев кругови а може и цело тесто да се стави. Се печи на 280С -40мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани