2
ное
2020
Колачиња со џем од слива и праска (штрудла)
Многу брза штрудла, доколку сте обожавател на колачи како ванилици,ова е полн погодок.
Се замесува тесто од брашно, маргарин, пециво, шеќер во прав, јогурт и се остава да одмори 15-20 минути тестото.
На набрашнета површина се расукува кора со дебелина од 2-3 мм, тенка. Јас на наколку пати си расукував корички со должина од 30 цм ширина 10 цм .
На кората се става џем по должина и се витка штрудлата. Се сечат парчиња по 4-5 цм се редат во плех обложен со хартија.
Се печат на 180 степени додека поруменат.
Додека се топли се валкаат во шеќер во прав.
Јас и одозгоре ги наросив бидејки убаво не ми беа извалкани.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови