14
сеп
2020
Смути од праска, слива, ѓумбир, грозје и капини
Со нутрибулет секое утро е различно, вкусно, убаво...
Денес ја подготвив оваа прекрасна комбинација.
Во чашата на нутрибулет го ставаме излупеното овошје, капините, зрната грозје и ѓумбирот.
Соединуваме неколку секунди.
Потоа додаваме ладна флаширана вода и промешуваме.
Јас добиената течност ја поминав низ цедалка за да добијам помазна структура.
Сервирав во две чаши.
Тоа беше нашиот денешен појадок.
Лиценца: Сите права се задржани