Испечати

Смути од праска, слива, ѓумбир, грозје и капини

Смути од праска, слива, ѓумбир, грозје и капини

Состојки

  • 1 излупена праска
  • 1 излупена слива
  • 2цм излупен, свеж ѓумбир
  • 10 зрна црно грозје
  • 15 зрна , свежа капина
  • 150мл ладна, флаширана вода

Подготовка

Со нутрибулет секое утро е различно, вкусно, убаво...
Денес ја подготвив оваа прекрасна комбинација.
Во чашата на нутрибулет го ставаме излупеното овошје, капините, зрната грозје и ѓумбирот.
Соединуваме неколку секунди.
Потоа додаваме ладна флаширана вода и промешуваме.
Јас добиената течност ја поминав низ цедалка за да добијам помазна структура.
Сервирав во две чаши.
Тоа беше нашиот денешен појадок.