Многу едноставни, а вкусни колачиња.

Подготовка

1. Во подлабок сад, со лажица (најдобро силиконска), го спојуваме омекнатиот путер со шеќерот во прав. Го додаваме и брашното, дел по дел, па мешаме до целосно соединување.
2. Од добиеното тесто формираме топчиња. Ги редиме на плех, обложен со хартија за печење. Секое топче го валкаме во шеќер и во средината му правиме вдлабнатина со прст.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути.
4. Кога ќе се оладат колачињата, во вдлабнатините додаваме нутела (или друг намаз, мармалад и сл).

Колачињата се многу поубави откако ќе отстојат барем два дена.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани