1
фев
2020
Колаче со чоколадни гранули
1. Се матат со миксер путерот и шеќерите.
2. Се додаваат јајцето, жолчката и екстрактот од ванила, и се’ се меша заедно.
3. Полека се додаваат и брашното, содата и солта. Се мати со миксер за да се соедини убаво.
4. Се додаваат и чоколадните гранули.
Потоа се става смесата во плех, и се пече околу 30 минути на 160 степени.
Јас би ви препорачала да го служите со топка сладолед од ванила. Одлично одат заедно! Сигурна сум дека ќе го подготвите рецептот повторно.
Во случај да ве интересира, оваа доза од колачето содржи некаде околу 804 калории. Да напоменам дека содржи и Витамин А, Калциум и Железо!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови