5
сеп
2020
Коктел мезе од палента
Предлог за декоративно и вкусно мезе.
Палентата ја вариме според упатството на ќесата.
Готовата палента во намастена тава ја редиме и убаво ја израмнуваме,така ја оставаме да се олади.
Од оладената палента со модла вадиме форми и врз секоја форма редиме сувомеснат производ по избор(кај мене чајна)потоа ставеме маслинка и неколку зрна капари.Обилно наросуваме со пармезан и послужуваме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови