Коктел мезе од палента
Состојки
- 500 гр палента
- сувомеснато производ по избор
- маслинки според потребата
- пармезан според потребата
- капари според потребата
Подготовка
Предлог за декоративно и вкусно мезе.
Палентата ја вариме според упатството на ќесата.
Готовата палента во намастена тава ја редиме и убаво ја израмнуваме,така ја оставаме да се олади.
Од оладената палента со модла вадиме форми и врз секоја форма редиме сувомеснат производ по избор(кај мене чајна)потоа ставеме маслинка и неколку зрна капари.Обилно наросуваме со пармезан и послужуваме.