Едноставни, брзи и што е најважно вкусни. Пробајте ги!

1. Се меси мазно тесто од сите наведени состојки. Формираме топчиња во големина колку орев и ги редиме врз хартија за печење.

2. Печеме во загреана рерна на 180 степени - околу 20 минути (меѓутоа вие проверете си според вашата рерна) подигнете ги малку и видете дали на долната страна фатиле боја, па намалете на 150 степени и допечете уште 5 минути.

3. Топли ги валкаме во прав шеќер

4. Оставете ги да оладат - па вкусете ги, едно колаче едно залче.

Забелешка - од оваа доза излегуваат 50 колачиња со големина како на сликите (колку орев). Не ги правете поголеми, бидејки се ровки за јадење, се топат во уста и затоа е најдобро да бидат колку едно залче.
Овие колачиња се дел од мојата посна трпеза за Бадник, меѓутоа се често застапени и во нашето секојдневие.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани