Кокосани (посно)
Едноставни, брзи и што е најважно вкусни. Пробајте ги!
1. Се меси мазно тесто од сите наведени состојки. Формираме топчиња во големина колку орев и ги редиме врз хартија за печење.
2. Печеме во загреана рерна на 180 степени - околу 20 минути (меѓутоа вие проверете си според вашата рерна) подигнете ги малку и видете дали на долната страна фатиле боја, па намалете на 150 степени и допечете уште 5 минути.
3. Топли ги валкаме во прав шеќер
4. Оставете ги да оладат - па вкусете ги, едно колаче едно залче.
Забелешка - од оваа доза излегуваат 50 колачиња со големина како на сликите (колку орев). Не ги правете поголеми, бидејки се ровки за јадење, се топат во уста и затоа е најдобро да бидат колку едно залче.
Овие колачиња се дел од мојата посна трпеза за Бадник, меѓутоа се често застапени и во нашето секојдневие.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Искрено, ова е еден од оние старински рецепти кои вредат да постојат и во денешното модерно време...каде се поретко се практикуваат вакви рецепти.
Среќни празници