Подготовка:

1. Квасецот со малку млака вода, една рака шеќер и неколку лажици брашно го зафаќаме да стаса.

2. Жолчките, млекото и маслото ги ставаме во садот каде ќе месиме. Портокалите ги миеме и кората им ја рендаме во садот. Се ставаат брашно и стасаниот квасец. Замесуваме тесто и ако ни лепи, додаваме помалку масло, а не брашно. Оваа финта ја прочитав овде на страницава и ја применив во мојот рецепт за козињак. Го месиме тестото убаво над десетина минути. Го оставаме да стаса, да се дуплира.

3. Во меѓувреме цедиме сок од портокал и го мешаме со румот. Со добиената течност ги прелеваме сувото грозје и брусницата ставени заедно во подлабок сад.
4. Стасаното тесто се размесува пак најмалку десетина минути и се остава уште еднаш да стаса. Потоа го премесуваме и трет пат, но овој пат во него го додаваме сувото овошје убаво исцедено од течноста.
Плетиме плетенки (од оваа смеса ми излегоа две големи, а можеше и три помали), ги премачкуваме со разматено јајце и посолуваме со сусам.
5. Оставаме убаво да скиснат и ги печиме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови