1
сеп
2014
Клуб сендвич со вафли
За овој сендвич бев инспирирана од менито на еден кафич. Таму цело мени им е со вафли во милион комбинации, слатки и солени, па си реков, ајде и јас ќе направам еден клуб сендвич со вафли, наместо со лепче.
Прво, направете ги вафлите, но не заборавајте дека не треба да ставите шеќер.
Земете две вафли, едната намачкајте ја со мајонез, наредете листови марула, шунка, малку сенф, кашкавал, домати и преклопете со второто парче вафла. Пресечете на два дела по дијагонала и прицврстете со чепкалка на која ќе боцнете маслинка.
Сервирајте со кечап и чипс.
Лиценца: Сите права се задржани