9
дек
2014
Клен во фолија
Кленот убаво се чисти и се мие. Потоа се суши и се засекува на неколку места. Се прелива со исцеден лимон и се посолува со сол,бибер и мешан зачин во секој засек. Рибата се зачинува и внатре со 1 лајче сол. Се става во алу-фолија и се завиткува и се остава да стои (јас ја оставив 2 часа). Се отвара фолијата и внатре се става сечкани компири и морков. Во засеците од рибата се става сечкано лукче. Сето ова се залива со маслиново масло и целата риба се затвара со фолијата и се префрлува во длабока тепсија. Се печи во загреана рерна од 250 С -35 мин. Потоа се отвара фолијата и се допекува уште 35мин. Се служи со додаток од варен ориз и се знае бело винце.На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани