Мирисно, меко и декоративно, такво е ова пециво.

Подготовка
1. Квасецот заедно со шеќерот и лажица брашно растопете го во млакото млеко. Оставете го да нарасне.
2. Во брашното додадете ги солта и маслото.
3. Со млако млеко и стасаниот квасец замесете тесто, па удирајте го од работната маса едно 50 пати, да добие добар ќотек =) и оставете го да стаса.
4. Откако ќе стаса поделете го на топчиња. Секое топче расукајте го во круг, премачкајте го со растопената маст, нарендајте сирење, посипете со оригано. Свиткајте ролат и насечете го на одредено растојание, ама не до крај. Секое второ делче свртете го на другата страна. Редете ги во тава подмачкана со масло.
5. Премачкајте ги со жолчка и посипете ги со сусам и ким.
6. Откако ќе бидат направени пецивата вклучете ја рерната на 200 степени, почекајте да се загрее и печете ги до поруменување.
7. Уште додека се топли премачкајте ги со растопена маст.

Забелешка
Можете да користите и путер, ама со маст се најубави.
Можете да ги расукувате и како правоаголници, така насекаде ќе бидат исти. Јас немав многу време кога ги подготвував, па полесно ми беше во круг тестото да го развлекувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани