1. Од горе наведените состојки, се замесува тесто.
2. Тестото е меко и фино се изработува.
3. Се остава да стаса, а потоа се размесува на работната маса.
4. Се разделува на мали топчиња ( големината одредете си ја сами )
5. Со сукалка се развлекуваат корички од топчињата и се засекуваат на долниот дел.На горниот дел се става филот.
6. Се витка од горе кон засечениот дел.
( По стандардна постапка.)
7. Се редат во намастен плех и се премачкуваат со матено јајце вокое додадовме неколку капки масло.
8. Се пече додека не поруменат од двете страни.
9. Топло вкусно тесто кое верувам дека ќе ви се допадне.
( Филот по желба може да се смени )

Забелешка
За филот да се подготви потребно е да се излупи јаболкото и да се изренда.
Јас ставив во сецкото ореви, јаболка шеќер и цимет и заедно ги исецкав на ситно.)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови