Кифлички со ржано брашно
Коцката квасец полијте ја со 50мл топла вода и малку шеќер. Кога ќе стаса, истурете го квасецот врз мешавината од двете брашна, малку сол и постепено додавајте млака вода. Почнете со 200мл доколку е малку додадете уште за да добиете не лепливо брашно. Не очекувајте да е многу меко бидејќи мешавината со ржано брашно дава малку тегаво тесто.
Оставете го да одстои повеќе од 1 час. Размесете го тестото и формирајте топчиња. Од секое топче расукајте лист и премачкајте го со омекнат путер. Завиткајте и формирајте кифлички по ваша желба за форма. Наредете ги кифличките со путер премачкан плех. Оставете ги 15тина минути покриени на одморат. Премачкајте ги со малку растопен путер и вода и наросете ги со лен, сусам или ким по желба. Печете ги на 220 степени околу 30 минути. Печените кифлички попрскајте ги со вода и покријте ги со крпа за да омекнат дополнително. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови