Квасецот се растопува со 100 мл. млака вода, се додава шеќерот, солта и 2 лажици брашно, за да се добие кашеста смеса, која се остава да стасува. Стасаниот квасец се замесува со брашното, јајцата, маслото, млекото и јогуртот.
Пополека се додава останатата вода се меси додека се добие мазно средно меко тесто. Се остава да стасува 1 час на топло покриено со чиста крпа.
Од тестото се ваѓаат мали топчиња или поголеми по желба. Се развлекува кора се сечи на горниот дел долги тенки ленти. Сирењето се меша со белката и се става на долниот дел на развлеченото тестото се витка во ролна стискајќи додека се витка за да не испадне филот.
Ставајте ги во подмачкано плехче со маргарин.Да нараснат 10-15 мин. Премачкајте ги со изматено јајце и жолчка со капка масло за сјај. Посипете ги со сусами ставете мала коцка маргарин.

Се печат во загреана рерна на 200-250 степени,околу 15 минути.,додека фатат жолтеникава боја. Откако ќе ги извадите од рерна посипете ги со малку вода за да се помеки и покриете ги со најлонско кесе и крпа.

За форма на цвет
Мало топче притиснете го да дојде како мала пица и засечете го на четири делови накај центарот, но не до крај. На центарот ставете една капка кечап.
Совет
Кога го ставате тестото да кисне садот премачкајте го со малку масло одокулу и тестото за да не се лепи на садот кога го ваѓате.

Дел од тестото може да го расукате во тркалесна кора и да го засечете во вид на зраци и да виткате кифлички или мали ролнички да ги завиткате во вид на ѓеврече.
Од оваа доза излегуваат одокулу 40-50 кифлички зависи од големината..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови