Кекс прелиен со шербет
Лесно, брзо, едноставно, од типот на шербетлиско благо, онака за после неделен ручек....
За кексот прво се матат јајцата на најсилно со постепено додавање на шеќерот. Потоа се додава маслото, малку по малку, па се намалува брзината и се додава млекото, па претходно промешани брашното (просеано), гризот, оревот, пецивото и кората од портокал.Се изедначува смесата и се става да се пече.
Се печи во загреана рерна и тоа околу 35 мин. на 180 степени или најдобро проверете си со дрвена чепкалка.Загревањето е 5 мин. на 200 степени.
Се остава целосно да се излади, па се сече и залива со топлиот шербет.
За шербетот се ставаат шеќерот и водата да зовријат, па се намалува јачината на ринглата и се вари уште 5 мин., на умерен оган.При крајот се додаваат ванилите.
Се залива постепено изладениот кекс со топлиот шербет и се остава неколку часа убаво да се впие шербетот.Потоа сладете се...
*Чашата е од 250мл..
* Во рецептите во кои има количински повеќе масло секогаш го имам на ум советот на баба ми-*Не лакоми на масло*, значи чашата не ја полнете како со останатите состојки, нека биде попразна, а исто јас практикувам и за гризот.
Лиценца: Сите права се задржани