11
окт
2014
Ќебапчиња од хељда
Се вари хељдата во однос 1/3,1 филџан за кафе хељда и 3 филџани вода. Кромидот ситно се сецка, лукот, магдносот, се додава сенфот и зачините. Хељдата се процедува и се остава малку да се излади. Се посолува и му се додава на смесата со кромидот, се додава и едно изматено јајце, презлата и сусамот. Се формираат кебапчиња и се ставаат во намрсен плех да се печат во загреана рерна на 200 степени(околу 30 мин) додека не добијат убава боја. Ќебапчињата се преубави посебно кога ќе изладат малку. Никој ама баш никој не погоди од што се правени. Мора да ги пробате !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови