Капкејк со тиква
Јајцата се матат со белиот шеќер додека да си ја променат бојата (да станат посветли). Потоа се додава кафеавиот шеќер. На смесата со јајцата се додаваат млекото и маслото се промешува и му се додава брашното, циметот, мускатното оревче, каранфилчето, содата и пецивото. Исто така кон смесата се додава и пирето од тиква (пирето може да биде од варена или печена тиква, јас ги комбинирав половина со половина).
Смесата се соединува и на крајот се додава по желба чоколадо или јаткасти плодови, јас му ставив една шепа ситно сечкани ореви.
Смесата се разделува во калапчиња кои што се полнат 2/3, се печи на 180 степени за 20-25 минути
За кремот, крем сирењето и путерот треба да бидат на собна температура и заедно со шеќерот се матат за кратко додека се соединат.
Капкејковите се филуваат откако ќе изладат целосно.
Декорацијата на капкејковите е по ваш избор.
Од смесата се добиваат 12-15 капкејка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови