
Лимета капкејк
Прво ги подготвуваме мафините, тортичките. Во еден сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме до побелување. Го исклучуваме миксерот, па додаваме масло, јогурт, кора и сок од лимета, брашно, пециво. Со лесни движења соединуваме. Смесата ја расопредуваме во 12 форми за мафини. Печeме на умерен оган околу 15-20 минути. Оставаме да се изладат. Го подготвуваме кремот. Во еден сад на оган ставаме вода да се загрее. Во друг сад ги соединуваме жолчките, шеќерот, густинот, млекото, слатката павалака, кората и сокот од лимета. Кратко со миксер ги соединуваме. Потоа овој сад го ставме над садот во кој врие водата, и со постојано мешање вариме крем до згуснување. Повремено го мешаме да се излади. Го ставаме во готвраски шприц и ги декорираме кревките мафини. Завршуваме со парченца лимета, ливчиња нане, и малку вишна.
Ја послужуваме оваа нежна убавина.