Празнични ванила капкејк
Подготвка на капкејкот
Во сад за матење додајте ги путерот, шеќерот и аромата од ванила. Матете со миксерот неколку минути, а потоа додајте ги јајцата едно по едно во садот за матење додека матите со миксерот. Исклучете го мисксерот и во садот додадете ги брашното, солта, прашокот за печиво и промешајте со спатола додека смесата не стане хомогена. Калапите за капкејк претходно обложени со хартиени капапчиња за капкејк наполнете ги тричетвртини со смесата.Кога сте калапи ќе бидат наполнети протресете ја тавата за капкејк неколку пати од работната површина, ова ќе ви послужи за да добиете капкејк со рамна површина. Печете ги во загреана рерна 25 минути на 180 степени. Потоа оставете ги да се оладата на собна температура пред да ги наполнете со фил и да ги декорирате.
Подготовка на филот за полнењето
Во сад за матење додадете ги путерот, шеќерот во прав, млекото и аромата од ванила и матете со миксер на средна брзина десетина минути. Изладените наполнете ги до содветен готварски шприц, а доколу немате таков шприц извадете со нож малку од средината на капкејкот, наполнете го и повторно затворете го.
Декорација
Декорирајте ги капкејкот со изматена слатка павлака и шеќерни декорации од фондан кои претходно сте ги спремале и исушиле.
Лиценца: Сите права се задржани