Сите знаеме што е Ѓумбир и колку е тој полезен во нашата исхрана. Полека-полека се слуша од далеку Дин-Дон, празници се ближат, па нека го има и кандиран ќе правиме Џинџери, а за нив тој е неопходен.

- Ѓумбирот олупете го и исечете на тенки листови или во форма која сакате да ја имате, ставете го во касеролата - прелијте со вода и оставете да проврие и продолжете да го варите околу 10 мин.
- Излијте ја оваа вода, ставете друга и повторно истата постапка.
- Ставете на цедалка да се исцеди
- Во касеролата сега ставете го шеќерот, прстовет сол и водата, додадете го ѓумбирот и ставете на не многу висока температура да се вари повремено промешувајки го. Кога ќе добиете сируп како за слатко, тргнете од огнот.
Во вака сварениот ѓумбир ставете ги зачинките - ловорот, анисот и циметот - оставете да одстои 30 мин. по што ќе го исцедете го од сирупот преку цедалка, ставете го врз хартија за печење на која сте ставиле шеќер, посипете врз него шеќер - нека се добро залепи и оставете да се исуши. Промешувајте го повемено во шеќерот, ако оцените дека е недоволно залепен шеќер  додадете и измешајте го ѓумбирот во него, ека продолжи да се суши.
Соберете во тегла која се херметички затвара. Може да стои неколку месеци.
Сирупот кој останува не фрлајте го, засладете си чај со него.

Совет
- Многу пати кога сум го правела малку си импровизирам - го мерам сварениот и исцеден ѓумбир, па колку е на тежина тој толку шеќер ставам, залијам со вода колку 1 см. над водата и варам на тивко.
- Импровизирајки - ќе ми притекне да додека се вари ставам и лимон. Секако е убаво.
- Додека се врткам околу него да видам дали е веќе готов, заклучив дека е солидна грицка, па додека соберам, гледам дека сум намалила количината. Интересна грицка е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани