Колач со ореви и кандиран пекан (без брашно)
Подготовка
1. Јајцата ги одвојуваме. Жолчките ги матиме убаво со шеќерот, па ги додаваме мелените ореви и мешаме со лажица, додека да се спои убаво смесата.
2. Во посебен сад ги матиме белките во цврст снег и дел по дел ги додаваме во смесата од жолчки и ореви. Мешаме додека да се изедначи. На крај додаваме 20мл маслиново масло и мешаме.
3. Вака подготвеното тесто го префрламе во калап (15цм), обложен со хартија за печење и печеме во загреана рерна на 180 степени 35-40 минути.
4. Пеканот го префрламе во подлабок сад заедно со јаворов сируп, кафеав шеќер и маслиново масло и мешаме убаво. Потоа го распоредуваме на плех, обложен со хартија за печење и печеме заедно со тортата околу 15 минути со протресување на плехот на секои 5 минути. Бидејќи лесно може да изгорат, јас ги печев посебно на пониска температура (150степени) околу 20 минути.
5. Колачот го вадиме од калапот и го оставаме целосно да се олади. Декорираме со оладениот пекан и колачот е спремен за послужување.
Многу вкусен колач, посебно за љубителите на ореви.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани