Бисквитите, шеќерот и какаото ставете ги во сад. Путерот стопете го, а јајцето изматете го со вилушка и додајте ги во бисквитите. Додајте го и румот.
Смесата измесете ја со рака да се изедначи и потоа направите бомбици.
Украсете ги со бела и црна чоколада, шарени трошки, кокос, ореви и сл.

И овие бомбици се рецепт на мојот син кои ги правеле на час по готвење за време на летните активности.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани