Индијанери
Од кога сакам да го споделам овој превкусен рецепт со сите вас, ама никако да стасам. Еве сега им дојде редот и тоа подготвени како чоколадни елки.
Инаку формата треба да им е поинаква. Шамот што ќе го ставаме врз печената основа треба да биде во форма на топки и тоа сите скоро еднакви да бидат. Ама сега се вакви, следен пат кога ќе ги подготвувам ќе ви ја приложам и оригиналната верзија.
Подготовка
1. Сите состојки за тестотот ги соединуваме со миксер. Тестото го виткаме во најлонска фолија и го ставаме во фрижидер околу 1 час.
2. На набрашнета површина тестото го рассукуваме со дебелина од минимум 5 мм.
3. Со кружен мал калап вадиме кругови и ги ставаме на хартија за печење или во нелеплива тава.
4. Ги печеме околу 10 минути на 180 степени, ги ладиме.
5. Шеќерот (300 гр) и водата ги ставаме да вријат најмалку 10 минути, тивко да вријат, до густ шербет.
6. Белките ги матиме со 50 гр шеќер во цврст снег, па во тенки млазови го додаваме шербето во нив. За целото време додека ги соединуваме матиме со миксер.
7. Шамот го ставаме во шприц со поширок кружен врв и на секое испечено колаче, ставаме од него шам во три слоја, еден врз друг. Оставаме да се исушат и да се стегне шамот.
8. Ги прелеваме со растопено чоколадо со масло. Ги оставаме да се стегне чоколадото, па ги сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани