Овој зелник со тиква го обожаваме и ни е омилен десерт. 

Подготовка:

1.Од сите наведени состојки за тесто, освен маргаринот, се замесува средно меко тесто.
2.Од тестото се вадат 4 дела, од секој по 5-6 топчиња. Се расукуваат со по малку нишесте, во големина колку плитка чинија. Се редат едно врз друго, помеѓу намачкани со омекнат маргарин. Последното се премачкува со масло. Значи 4 купчиња со мали кори. Одат во длабокото 30 мин..
3. После се отвораат кори, (колку големината на тавата) две кори одат долу, па фил, па две кори. Се премачкува со маргарин и попрскува со масло.
4. Печење на 200 степени, во добро загреана рерна, додека убаво порумени.
5.За филот се пасира тиквата и се додава шеќерот, ванилата и циметот.

На здравје сладење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани