Зелник со тиква (посно)
Состојки
- За тесто
- 800 гр. просеано бело брашно
- 13 гр. пресен квасец
- 1 лажиче сол
- 3 лажичиња шеќер
- 1 лажица алкохолен оцет
- 3-4 лажици масло
- по потреба топла вода за да се добие средно меко тесто
- малку нишесте
- малку масло
- 250 гр. маргарин
- За фил
- 1,2 кг. пире од тиква
- по вкус шеќер, ванила, цимет
Подготовка
Овој зелник со тиква го обожаваме и ни е омилен десерт.
Подготовка:
1.Од сите наведени состојки за тесто, освен маргаринот, се замесува средно меко тесто.
2.Од тестото се вадат 4 дела, од секој по 5-6 топчиња. Се расукуваат со по малку нишесте, во големина колку плитка чинија. Се редат едно врз друго, помеѓу намачкани со омекнат маргарин. Последното се премачкува со масло. Значи 4 купчиња со мали кори. Одат во длабокото 30 мин..
3. После се отвораат кори, (колку големината на тавата) две кори одат долу, па фил, па две кори. Се премачкува со маргарин и попрскува со масло.
4. Печење на 200 степени, во добро загреана рерна, додека убаво порумени.
5.За филот се пасира тиквата и се додава шеќерот, ванилата и циметот.
На здравје сладење.