1. Квасецот се ставам со малку млака вода да стаса
2. Брашното со сите останати состојки се става во еден сад, се додава стасаниот квасец и се замесува
3. Без да се остава тестото да нарасне се поделува на 6 топчиња, од кои едното е со малку поголема димензија од останатите
4. Се расукува најпрво најголемото топче со големина дупло поголема од тавчето во кое ќе се пече зелникот (јас печев во тавче бр. 30)
5. Откако ќе се рассука кората, јас (по совет од баба ми) на раце ја растегнувам кората вртејќи ја малку во воздух, да се дорастегне уште малку
6. Кората се става во намрсеното тавче со краевите надвор од тавчето
7. Се попрскува кората со малку масло за јадење и врз неа се става дел од филот од праз и кромид...оваа постапка се повторува и со останатите кори, но тие се со големина малку поголеми од тавчето за да може малку да се наберат кога се ставаат во него, но нивните краеви не излегуваат надвор од тавчето
8. Врз последната 5-та кора се попрскува насекаде од филот и сето она што ке остане се става на средината врз кората и се попрскува со прстофат брашно
9. Делот од кората кој лежи надвор од тавчето, на крајот се превртува во вид на фалти во тавчето (како што тоа јас го направив на сликата) притоа зафаќајќи дел од филот
10. Се пече во загреана рерна на 200 С па се намалува по 5-120 мин на 180 С

Фил
1. На малку масло за јадење се пропржува ситно исечканиот праз и кромид
2. Откако ќе омекне ова, се додава исчистен и измиен ориз
3. Се зачинува филот и му се додава водата малку да се издинста зајрето и така се остава филот до испарување на целата вода

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани