1
мај
2015
Зелено таи кари
Пред се подгответе ја пастата за карито во процесор или сецко од сите наведени состојки.
На малку масло испржете го исецканиот кромид неколку минути, па додадете го белото месо исечено на крупни коцки додека добие златникава боја.
Ставете ја пастата и пржете се заедно околу една минута додека месото се покрие со зачините и да се ослободат аромите.
Намалете го огнот, додадете го кокосовото млеко и оставете да се крчка 20тина минути.
На 10 минути пред крајот ставете ја боранијата, а може и друг зеленчук по желба (карфиол, бамија и сл.).
Карито послужете го со басмати или јасмин ориз и неколку кришки лајм.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани