Испечати

Зелено таи кари

Зелено таи кари

Состојки

  • 2-3 парчиња пилешки гради
  • 1 црвен кромид
  • 1 чили пиперче
  • 400 мл. кокосово млеко
  • 2-3 лажици зелена кари паста
  • 300 гр. боранија
  • Паста за зелено таи кари
  • 3 чешниња лук
  • 1 парче (2цм) ѓумбир
  • 1 зелено пиперче
  • 1 страк лимонова трева
  • 1 китка коријандер
  • 2 лажици рибин сос
  • 1 лажица соја сос
  • 2 ливчиња кафир лајм

Подготовка

Пред се подгответе ја пастата за карито во процесор или сецко од сите наведени состојки.
На малку масло испржете го исецканиот кромид неколку минути, па додадете го белото месо исечено на крупни коцки додека добие златникава боја.
Ставете ја пастата и пржете се заедно околу една минута додека месото се покрие со зачините и да се ослободат аромите.
Намалете го огнот, додадете го кокосовото млеко и оставете да се крчка 20тина минути.
На 10 минути пред крајот ставете ја боранијата, а може и друг зеленчук по желба (карфиол, бамија и сл.).
Карито послужете го со басмати или јасмин ориз и неколку кришки лајм.
Добар апетит.