Ставете го чиа семето, лененото семе и водата да искиснат.
Потоа семињата од тиква и сончоглед потпечете ги на сува тава.
Во вангла измешајте ги семињата, додајте го брашното и солта. Измешајте.
Сушените домати заедно со маслото и лукчето изблендирајте ги.
Додајте ги во смесата со семињата и убаво со рака измешајте ја смесата. Таа нема да е како тесто туку ќе биде влажна, малку леплива.
На голем лист од хартија за печење, најпрво посипете брашно па истурете ја смесата. Одозгора пак посипете ја со брашно и прекријте ја со друг лист хартија. Со сукало исучете ја танко. Пресечете ја на половина заедно со хартијата (од цела смеса излегуваат два плеха) и едниот дел ставете го на плехот. Исечете го во форми по ваша желба. Јас го исеков на триаголници. Одозгора наросете ги со сол.
Ставете го плехот во загреана рерна на 180 степени, најмалку половина час. Треба убаво да се испечат, да бидат крцкави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани