Ѕвездички со ананас
Прекрасни празнични колачиња.
За овие колачи се користи ананас од конзерва. Една чаша ананас се миксира во чоперот или блендер со додавање на сокот од конзервата.
Брашното се сее и се меша со пецивото, оревите и со шеќерот. Јајцата се матат со зејтинот и маргаринот па се додаваат кон брашното. Се додава и ананасот и се замесува мазно тесто кое треба да одстои 20 минути.
Се сука кора и со модлички се вадат ѕвездички со различна големина. Ѕвездичките се печат 10 минути на 180 степени внимавајки да не се препечат. Се лепат со фил и одозгора се декорираат со чоколадите. За спојување јас го користев карамел филот од тортата карамела и имаа преубав вкус.
Колачите беа наменети за подарок за драга пријателка .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови