Испечати

Ѕвездички со ананас

Ѕвездички со ананас

Состојки

  • 600гр брашно
  • 1чаша(200мл) ананас
  • 1/2чаша зејтин
  • 125гр маргарин
  • 150гр мелени лешници
  • 1 пециво
  • 2 јајца
  • 200гр шеќер во прев
  • за лепење на колачите може да послужи мармалад,крем,преостанат фил...
  • глазура
  • 200гр чоколада(100гр бело + 100гр црно млечно чоколадо)

Подготовка

Прекрасни празнични колачиња.
За овие колачи се користи ананас од конзерва. Една чаша ананас се миксира во чоперот или блендер со додавање на сокот од конзервата.
Брашното се сее и се меша со пецивото, оревите и со шеќерот. Јајцата се матат со зејтинот и маргаринот па се додаваат кон брашното. Се додава и ананасот и се замесува мазно тесто кое треба да одстои 20 минути.
Се сука кора и со модлички се вадат ѕвездички со различна големина. Ѕвездичките се печат 10 минути на 180 степени внимавајки да не се препечат. Се лепат со фил и одозгора се декорираат со чоколадите. За спојување јас го користев карамел филот од тортата карамела и имаа преубав вкус.
Колачите беа наменети за подарок за драга пријателка .