8
фев
2023
Зачинет јачмен со пилешко
На почеток за подготовка на овој убав ручек е потребно копаните да ги отворите ако не се, и да ја извадите кожата од нив.
Зачинете ги и ставете да се пржат.
Пржете на тивко.
Превртувајте од девте страни нека се заруменат убаво.
Во вок тавата на страна запржете ситно сецкан кромид и лукче.
Нека зарумени па додајте ја доматната паста.
Потоа ставете го јачменот кој што претходно го сваривме и исцедивме.
Нека се запржи добро.
Зачинете и додајте го сосот.
Откако ќе се запржи се додајте го пилешкото месо.
Додајте сецкан магдонос.
Промешајте па потоа сервирајте ја оваа убавина.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ме интересира за јачменот, посебна сорта е?
Поздрав, ми фали другарувањето овде.