Зачинет јачмен со пилешко
Состојки
- 125 гр јачмен ( пола паковка )
- 2 парчиња пилешко месо ок копан
- 6-7лажици слатко кисел сос
- 1 лажица доматна паста
- 1главица кромит
- 1чешне лук
- 1 гранче магдонос
Подготовка
На почеток за подготовка на овој убав ручек е потребно копаните да ги отворите ако не се, и да ја извадите кожата од нив.
Зачинете ги и ставете да се пржат.
Пржете на тивко.
Превртувајте од девте страни нека се заруменат убаво.
Во вок тавата на страна запржете ситно сецкан кромид и лукче.
Нека зарумени па додајте ја доматната паста.
Потоа ставете го јачменот кој што претходно го сваривме и исцедивме.
Нека се запржи добро.
Зачинете и додајте го сосот.
Откако ќе се запржи се додајте го пилешкото месо.
Додајте сецкан магдонос.
Промешајте па потоа сервирајте ја оваа убавина.
На здравје