Уште еден рецепт за кекси кои можете да ги направите во најразлични форми по ваш избор. Овие запчиња се за едно малечко детенце на кое штотуку му порасна првото запче. Идеја за младите мајки кои чекаат запчиња од дечињата или можеби за некоја вредна баба. Украсувањето сепак зависи од вашата креативност. Јас секогаш се радувам и со голема љубов ги украсувам ваквите шарени колачиња, едноставно уживам и се релаксирам со нив. Еве ги моите запчиња -)

1. Брашното се меша со содата во длабок сад
2. Во друг сад се матат јајцата и шеќерот со миксери и се додава медот, путерот и ванилин шеќер
3. Оваа течна смеса му се додава на брашното и убаво се меси (ако тестото ви изгледа тврдо слободно додадете неколку лажици вода). Ова е доста тврдо тесто и ќе треба повеќе време да го месите. Ако имате имате миксер за месење тесто многу ќе ви ја олесни работата.
4. Тестото се замотува во најлонска фолија и се остава во фрижидер 3 часа
5. Се сучи кора дебела околу 1 см и со модла се сечат запчиња или други форми
6. Се редат во плех обложен со хартија за печење
7. Се печат 10 минут на температура од 180 степени. Кога ќе ги извадите од рерната можеби ќе ви изгледаат како да не се доволно печени бидејќи се доста меки, но не се плашете како ќе се ладат така и ќе се стврднуваат како кекси
Глазурата ја има во рецептот Срциња за заљубени
Откако кексичките ќе оладат можете да ги цртате и да уживате.
Најпрво со белата глазура се прекриваат по цела површина, па се оставаат да се стврднат, а потоа со глазурата во боја се цртаат додатни детали. Се оставаат да се стврднат, а потоа можете да ги пакувате во целофан или други вреќички.
Во дополнителните фотографии можете да видите други форми по истиот рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови