Запечени печурки со црно вино
Вака подготвени печурки може да се користат како прилог, главно јадење или мезе.
Печурките се мијат и се лупат. Им се одстрануваат рачките и се редат во плех.
Рачките се сецкаат ситно и заедно со рузмаринот се пропржуваат на малку зејтин.
Се цедат од маснотијата и оладени се мешаат со шунката и кашкавалот. Се полнат печурките, убаво да бидат наполнети. При купувањето внимавајте да се поголеми и тазе.
Од како ќе се наполнат се полеваат со - виното се меша со нишестето, зачинот и сенфот. Се меша да стане еднолична смеса и се полеваат печурките. Се покриваат со алуфолија и се ставаат да се печат 20минути на 200степени.Се одстранува фолијата и се печат уште 10минути.Се служат и топли и ладни.
Лиценца: Сите права се задржани