Запечени палачинки
Многу лесен рецепт за подготовка и многу вкусен. Мислам дека сите си сакаме палачинки небитно дали се солени или благи, па затоа решив да го споделам со вас овој рецепт
1. Во пластичен сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото за палачинки. Убаво изматете. Од оваа доза ќе ви испаднат околу 20 палачинки
2. Испечете ги палачинките. Во меѓувреме подгответе го филот. Издробете го сирењето, помешајте го со киселата павлака и јајцето
3. Со филот наполнете ги палачинките и ролувајте ги
4. Тавчето премачкајте го со маргарин и наредете ги ролованите палачинки во него
5. Одозгора прелијте ги со сосот од изматеното јајце со павлаката и јогуртот. Печете околу 20 минути. Сервирајте топло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови