9
ное
2014
Запечени палачинки со фил
За палачинките си знаете стандард смеса. Знам дека некои знаат и со поинакви примеси, но овде се користи најобичната. Печените палачинки ги филуваме со веќе подготвениот фил и се виткаат како сарма. Се редат во подмачкано плехче со путер и се прелеваат со млекото и јајцата. Се ставаат во рерна дваесетина минути. Филот се подготвува така што чадениот врат и шунката се сецкаат па им се додава кравјото сирење и павлаката. Киселите краставички ги рендаме и тие ги додаваме. Зачинуваме и промешуваме.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови