Запеченица
Интересно како настана овој рецепт, но да не ве замарам. Поставувајки го овде овој рецепт сакам да ја поздравам Живка20... да да.. токму неа,
Постапка
1. Подварете го оризот ал-денте, (малку сварен), залијте го со ладна вода за да не се залепи, процедете.
2. На зејтин запржете го празот, додадете месото и допржете. Зачинете со вегета, сол, бибер, магданос. Додадете го оризот и само за кратко сето тоа запржете и измешајте да се целото тоа спои. Тргнете од ринглата.
3. Префрлете ја смесата во соодветно тавче, додадете го виното и измешајте.
4. Со вилушка изматете ги јајцата и павлаката, залијте го оризот со добиениот прелив, ставете во веќе загреана рерна да се подпечи. Готово е кога ке видите дека павлаката и јајцата се запечени.
Уживајте во навистина вака спреман ориз кој го носи името запеченица затоа што се подпечува сосема кратко,а толку е вкусно.
Служете со салата.
Нека ви е слатко!
- Секогаш кога ја правам оваа запеченица ставам Смедеревка бело вино.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Ростер
Лиценца: Сите права се задржани