Залачиња од палента
Еве предлог за залачиња од палента, кои дополнети со пресен ајвар и сиренце можат да бидат и лесен ручек.
Најчесто палентата ја варам во сооднос еден спрема три.
Во тенџере на оган се ставаат водата, солта, путерот, палентата и се вари до згуснување.
Пред крај се додава ренданиот овчки кашкавал.
Убаво се промешува.
Половина од палентат се истура во сад кој претходно е малку намрсен, а во половината од палентата се додава буковец и малку црвен пипер.
И ова соединето се истура во претходно намрсен сад.
Нека одстои 30 минути да се излади и стегни.
Потоа се вадат форми по желба, се декорираат со крем сир, магдонос, морков и се сервираат.
Лиценца: Сите права се задржани