26
окт
2015
Есенска тава
Месото се сече на парчиња и се пропржува. Се вади од тавата и во истата тава се пржи празот, морковот, пиперката и печурките. Се пропржуваат и се вадат во плех. Модриот патлиџан се лупи, се сече на коцки и се обарува во солена вода. Се плакне и се цеди па се додава кон плехот. Сите состојки убаво се мешаат. Се додава и црвениот домат и магдоносот, тиквичката исечена на коцки и се зачинува по вкус. Јас обавезно додавам зачин, сол и буковец. Целата тава се залива со виното и одозгора се реди со црвени домати. Се покрива со капак или фолија и се става на печење. Се пече околу 1 час на 200 степени.
Тавата е многу вкусна и топла и ладна.
Лиценца: Сите права се задржани