27
мар
2020
Енергетски тартуфи (посно, веган)
Нема брашно, нема шеќер, брзо се подготвуваат, а се особено вкусни....
Подготовка
1. Во блендер/Нутрибулет ги ставаме бананата, кокосовиот путер и урмите.
2. Ги блендираме да се соединат и сомелат, ама може да има и ситни парченца низ нив.
3. Им додаваме мелени и сечкани ореви, мусли сомелени во блендер и кора од портокал.
4. Ја соединуваме смесата и формираме рустични топчиња кои ги валкаме во какао.
Сервираме и уживаме!
Лиценца: Сите права се задржани