Повеќе како идеја отколку како рецепт.
Предноста е во тоа што нема потреба ништо да подготвувате дома, туку едноставна, набавете се од продавница и преипремете.

Во 2 пакетчиња пенести бомбони има околу 70-ина парчиња. Одберете ги со што поправилна форма и солидна големина.
Набоцкајте ги на украсни стапчиња или чепкалки, зависно од пригодата.
Растопете ја чоколадата, искршете ги бомбоните, подгответе ги кокосот, мелените ореви или било што друго за украсување според вашите желби, идеи, замисли и почнете со работа.
Секое парче посебно ставете го во растопеното чоколадо, наросете му од бомбоните и боцнете го на стиропор.
Откако ќе го потрошите целиот материјал, ставете ги во фрижидер за да се стегнат. Тврдите бомбони добиваат кристален сјај.

Можете да направите најразноразни комбинаторики,затоа јас нема повеќе да одолговлекувам во опишување. Погледнете ги сликите,препуштете се на Вашата фантазија и подетинете за момент.

Пријатна забава!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови