Едноставен чоколаден мус со свеж ананас
Овој едноставен чоко мус има малку состојки, не бара многу време за подготовка, но има прекрасна, лесна структура.
Подготовка:
1. Прво во мало тенџере се ставаат млекото, чоколадото, ванила, сол, нес кафе, на тивок оган да се соединат и изедначат. Тргаме од оган да се подизлади смесата.
2. Сега ја матиме слатката павлака, но не смее да биде густа или прематена. Треба да биде воздушеста, лесна. Тргаме 2 лажици за декорација.
3. Во другиот дел од слатката павлака, го ставаме растопеното чоколадо со др. состојки. Лесно соединуваме.
4. Смесата ја распоредуваме во 2,3 чаши, нанесуваме малку од слатката павлака и додаваме сецкан свеж ананас. Декорираме со ливчиња нане. Оставаме во фрижидер да се излади 1 час, па послужуваме.
На здравје убавинава.
Лиценца: Сите права се задржани
Meraciii bese