Ананас
Хранливи вредности на ананасот:
Ананасот, едно од најценетите и најпопуларни овошја, има доста интересна историја:
Дрвото ананас потекнува од Парагвај, Јужна Америка. Локалното индијанско население го распространило низ Јужна и Централна Америка, сè до Карипските Острови. Подоцна, било пренесено во Шпанија, кога Колумбо ја открил Америка во 1493 година. Од таму, ананасот бил разнесен низ целиот свет, затоа што морнарите ги носеле плодовите на своите патувања, како заштита од скорбут.
Ананасот научно е познат како ananas comosus и припаѓа на фамилијата bromeliaceae, од родот ananas.
Ананасот е тропско, повеќе годишно раастение кое е отпорно на суши. Расте од 150 до 250 сантиметри во височина и во суштина е кусо, дебело стебло, со долги листови со шилести врвови, наредени во розета.
Растението раѓа долги овални до цилиндрични плодови во текот на секоја сезона, која обично трае од март до јуни.
Плодот се опишува како напластено овошје кое се развива од многу помали плодови кои се спојуваат околу едно заедничко јадро. Плодот е месест и сочен, а дршката го сочинува влакнестото јадро. Тврдата, груба лушпа со набори може да биде темно зелена, жолта, портокалово-жолта или црвенкаста, кога овошјето е зрело. Сочното месо варира од кремасто-бела до жолта боја и има богат вкус кој е мешавина од благо и киселкасто. Секој плод има должина до 30 сантиметри, а најчесто тежи од 400 грама до 4 килограми, но може да тежи и повеќе.
Здравствени придобивки од ананасот:
- Свежиот ананас е исклучително богат со голем број состојки кои се клучни за доброто здравје.
- Плодот има ниска калорична вредност (има само 50 калории во 100 грама), не содржи заситени масти или холестерол, но е богат извор на растворливи и нерастворливи растителни влакна, како што е пектинот.
- Ананасот содржи протеолитски ензим наречен бромелаин, кој ја вари храната со тоа што ги разложува протеините. Бромелаинот исто така има и антивоспалителни, антиканцерогени и антикоагулантски својства. Научните студии покажаа дека редовното конзумирање на ананас помага во борбата против артитис, киселини во желудникот и зараза од паразитски црви.
- Свежиот ананас е одличен извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Овој витамин е неопходен за синтеза на колаген во организмот. Колагенот е главниот структурен протеин во телото, неопходен за одржување на интегритетот на крвните садови, кожата, внатрешните органи и коските. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц помага во заштитата од скорбут, го засилува имунитетот (создава отпорност на инфективни агенси) и помага во собирањето на штетните, воспалителни слободни радикали од телото.
- Исто така, содржи и солидна количина витамин А (во 100 грама има 58 интернационални единици) и бета-каротини. Овие состојки имаат антиоксидантски својства. Витаминот А исто така е потребен за одржувањето на здравјето на слузокожата и кожата, а клучен е за добриот вид. Научните студии укажуваат на тоа дека редовното конзумирање храна богата со флавоноиди помага при заштитата од рак на белите дробови и усната празнина.
- Дополнително, ова овошје е богато со витамини од Б-комплексот, како што се: фолати, тиамин, пиридоксин, рибофлавин и минерали, како што се: бакар, манган и калиум. Калиумот е важна состојка на клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Бакарот е корисен кофактор за синтеза на црвените крвни зрнца. Манганот е кофактор за ензимот супероксид дисмутас, кој е многу моќен собирач на слободните радикали.
Избор и складирање:
Сезоната на берење на ананас трае од март до јуни и во тој период свежите плодови на пазарите се најдобри. Во продавница изберете ги оние плодови кои се тешки за големината. Иако поголемите плодови имаат повеќе месо, не постои разлика во квалитетот помеѓу поголемите и помалите плодови.
Избирајте плодови на кои нема меки места, мувла, избледени или потемнети места, затоа што тоа се индикатори дека овошјето започнало да се расипува. Некои луѓе ги проценуваат свежината, зрелоста и квалитетот со чукање со прстите на страната од плодот. Добар, зрел ананас дава тап звук, како да чукате во нешто што е полно, додека незрелите плодови со слаб квалитет даваат шуплив звук. Ананасот престанува да зрее во моментот на бербата, па затоа барајте ги плодовите кои кај дршката имаат пријатен мирис, а избегнувајте ги оние што мирисаат застарено, кисело или ферментирано.
Зрелиот ананас бргу се расипува ако биде оставен на собна температура. Со оглед на тоа што е чувствителен на студ, не може долго да се чува во фрижидер, па затоа треба да биде изеден колку што е можно побргу. Ако не го јадете веднаш, овошјето може да се чува во фрижидер, од 1 до 2 дена.
Употреба во кујната:
Ананасот може да се сече и да се лупи на повеќе начини. Вообичаено, врвот и дното од плодот се отсекуваат со нож. Потоа, за да го излупите, исправете го и внимателно сечете ја кората, отсекувајќи ги сите преостанати „окца“ со врвот од ножот. Штом кората, исечкајте го овошјето на парчиња по желба.
Можете да користите и специјални направи за вадење на јадрото, кои секако ја олеснуваат работата, но сето тоа може да резултира со фрлање премногу месо, затоа што најчесто овие направи не можат да се подесат и отсекуваат еднакви парчиња од средината. Исто така, некои супер маркети нудат лупење и вадење на јадрото со специјална направа, но и при овој процес може да се случи непотребно да фрлите премногу од месото.
Совети за приготвување:
- Парчињата свеж ананас се одличен додаток за секоја овошна салата.
- Свежиот сок од ананас може да биде многу освежителен пијалак, во секој период од денот.
- Исто така се користи за приготвување десерти, џем и мармалад.
- Ова овошје се користи во голем број рецепти со ананас, најчесто како состојка која дава вкус.
Здравствено предупредување:
Ананасот содржи протеолитски ензим бромелаин кој може да доведе до крварење во матката за време на бременоста, доколку се внесе во големи количини.